Правдико

   

Адеми: Видеоматеријалот од настаните во Диво Насеље е сечен и монтиран и не ја потврдува фактичката состојба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Презентираниот видеоматеријал не ги расчитува дилемите покренати од страна на адвокатите, ниту на осомничените во случајот Диво Насеље, изјави адвокатот на осомничените во овој случај, Артене Адеми.

„Судот ќе презентира уште едно видео од обвинителството, а по паузата адвокатите и сите осомничени ќе се произнесат во врска со тоа видео. Истиот материјал не ги расчистува дилемите покренати од страна на адвокатите ниту на осомничените. Се гледа јасно дека ова видео е сечено, монтирано и ги нема главните елементи кои би ја потврдиле фактичката состојба во Куманово, односно Диво Насеље“, рече таа.

„Ние ќе се спротивставиме на прифаќање на видеото како доказ, но ако судот го прифати тоа како доказ, ќе бараме да се прави експертиза на автентичноста на видеото, а ќе бараме идентификација на гласовите бидејќи многу телефонски разговори кои беа презентирани од страна на судот, од ист телефонски број, зборуваат различни луѓе“, додаде таа.

„Телефонот, пак, е на непознат сопственик. Што сака да каже обвинителеството со ова видео? Начинот на кој почна инцидентот во Диво Насеље, како и последната фаза на предавање, со видеото сакаат да потврдат дека полицијата дала предупредување иако ние не видовме такво нешто при презентирањето на овој доказ. Материјалот, односно видеото е долго час и 30 минути“, рече Адеми.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико