Адвокат Бранко Јосифовски (1934-2013) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Бранко Јосифовски (1934-2013)

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Роден е во Куманово на 08.03.1934 година и е изразит претставник на средната генерација адвокати, кои своето средно и високо образование го оформиле во слободна, независна, социјалистичка самоуправна Југославија. Правен факултет завршип во Скопје во 1957 година, а од 01.05.1964 година е запишан во Именикот на адвокатите со седиште на канцеларијата во Куманово, а од 1971 година работи како адвокат во Скопје.

Од основањето на Првата адвокатска заедншца во Скопје е нејзин член и основач. Во два мандата беше биран за претседател на УО на Адвокатската комора на Македонија, а во текот на 1980 година. како претседател на Претседателството на АК на Македонија, беше претседател и на Сојузот на адвокатските комори на Југославија. Овој негов мандат е сврзан и со одржувањето на прославата во Белград, по повод 50-годшпнината на Сојузот на адвокатските комори на Јутославија.

Како претседател на Сојузот на републичките и покраинските адвокатски комори на Ј утославија поднесе експозе во Сојузниот собор на Собранието на Југославија,во врска со анализата на адвокатурата и другите видови правна помош. Учесник е и на конгресите на Меѓународната унија на адвокатите во Минхен и Кан. Бил биран и вршел и други должности во органите на Комората.

Адвокатската дејност престанува да ја врши заклучно со 31.12.2002 година поради заминување во пензија.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико