Правдико

   

Адвокат Јанко М. Дика (1912)

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_2Роден е во легендарното Крушево, десетина години по крушевската република, поточно на 14.12.1912 година. Гимназија завршува во Скопје, а Правен факултет во Белград.

Во квечерината на Втората светска војна. во Скопје е запишан како адвокатски приправник, а во текот на војната мирува се до 1945 година, кога одново се запишува како адвокатски приправник и оттогаш наваму. непрекинато ја врши адвокатската дејност.

Во периодот од 1955 до 1961 година е претседател на УО на Адвокатската комора на Македонија, а еден мандатен период беше и потпретседател на Сојузот на адвокатските комори на Југославија. Постојано е избиран во органите на Комората од нејзиното основање. Бил активен и како општествено-политички работник.

На помладите генерации адвокати им служел како пример со својот секогаш коректен и достоинствен однос во извршувањето на работата. Добитник е на Плакета на Адвокатската комора на Република Македонија за особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура во 1979.

Бришан е од Именикот на адвокатите сметано од 1.09.1982 година поради заминување во пензија.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико