Правдико

   

Адвокат Јордан Дескоски (1935)

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_6Роден е на 05.03.1935 година во с. Злести – Охридско. Основното и средното образование го завршува во Охрид. Во текот на 1963/64 година се вработува како референт во Монополот во Охрид каде работи се до 1965 година, кога заминува на отслужување на воениот рок.

Во текот на 1965 година се вработува во ДОЗ – Скопје. Во 1967 година го завршува Правниот факултет во Скопје и продолжува да работи во ДОЗ – Скопје се до 18.09.1972 година кога се запишува во Именикот на адвокатите и работи како адвокат со седшпте на адвокатската канцеларија во Скопје.

Во мандатонит период 1991-1994 година е избран за претседател на Претседателството на Адвокатската комора на Република Македонија. Како адвокат работи се до 03.02.2000 година кога е избран за член на Републичкиот судски совет, а од 30.09.2001 година е претседател на истиот.

Пензиониран е на 01.02.2004 година. Добитник е на Благодарница на Адвокатската комора на Република Македонија 2001 год.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико