Адвокат казнет од Судот со 40.000 евра, Комората не коментира
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судиите сè почесто ги казнуваат адвокатите во судница поради недолично однесување, како и инциденти со кои се нарушува редот. Последен е примерот со адвокатот Шазивар Исеини, кој на завчерашното судско рочиште на „Диво Насеље“ во Кривичниот суд беше казнет со 1200 евра, како и да ги надомести трошоците во висина од околу 40.000 евра, поради бојкот на обвинетите.
Сепак, во Адвокатската комора на Република Македонија тврдат дека казнувањето нема тенденција на зголемување.
„Се работи за ретки случаи, односно на годишно ниво бројот на правосилни решенијата кои пристигнале до Комората, со кои адвокати парично се казнети од страна на судовите во просек се движи од 4 до 5 решенија“,велат од АКРМ.
Оттаму, појаснуваат дека висината на казните со кои адвокатите се казнуваат се различни (најчесто помеѓу 300 и 1200 евра), а најчесто основа, според правосилните решенија кои биле доставени до Комората, е нарушување на редот во судницата, непридржување на наредбите на претседателот на конкретниот Совет и слично.
Сепак, од АКРМ истакнуваат дека овие решенија во никој случај не значи дека претставуваат дисциплинска повреда во согласност со Правилникот за дисциплинска одговорност на АКРМ, само поради тоа што судот утврдил дисциплинска одговорност.
Од Адвокатската комора не го коментираат последниот случај бидејќи сè уште нема добиено правосилно решение дека Основниот суд Скопје 1 Скопје изрекол каква било казна за посочените адвокати.
Ова не е првпат да бидат казнети адвокатите за „Диво Насеље“. Лани беа казнети тројца адвокати во овој предмет по 1200 евра.
Извор: Макфакс