Адвокат Кирил Божинов (1933)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Роден е 1933 година во Штип, Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Уште како дете осетувајки ја тежината на сиромашниот земјоделски живот се посветува на учењето. Во 1950/51 година во родното место го завршува средното образование. Како ученик пројавува активност во изградбата на нашата опустошена земја како и во воспитувањето на нашето младо поколение – пионерите, така да едно време е и раководител на одредот ,,Вита Поп Јорданова” во Штип.
По завршување на гимназијата во Штип се запишува на Правниот факултет во Скопје како редовен студент, каде останува се до 1952 година кога заминува за Белград, заради довршување на студите на Белградскиот Правен Факултет. По завршувањето на студиите во 1955 година заминува на отслужување на воениот рок во ЈНА каде останува до месец септември 1956 година. За време служењето во ЈНА се случува трагичниот случај во Мавровскиот крај при што покажува посебна пожртвуваност во укажување помош на настраданото население, за која бил и пофален.
По отслужувањето на воениот рок се вработува како судски приправник воОкружниот суд во Скопје, каде останува се до месец октомври 1957 година, после што за потребата на служба од страна на Државниот секретарајат за правосудна работа на НРМ Скопје е поставен за судија во Околискиот суд во Штип.
Во Штип останува се до 31.12.1958 година. За време на работењето во Штип бил вклучен во ошптествениот живот на градот. Завзема разни должности и тоа секретар на друштвото на правниците, член на претседателството на околискиот одбор на синдикатите на државните службеници на штипската околија и член на Советот за општата управа на Н.О. на ошптина Штип.
За потребите на служба од страна на споменатиот орган на 1.10_1959 година е преместен во Скопје и поставен за секретар на Врховниот суд на НРМ, каде останува се до 16.10.1961 година, кога се запишува во Именикот на адвокатите со седшпте на адвокатската канцеларија во Скопје.Повеќе пати бил избран за член на Управниот одбор на Адвокатската комора и Претседателството на Комората. Во два мандата е и потпретседател на Управниот одбор, а во периодот од 1985 до 1986 година ја врши функцијата в.д претседател на Адвокатската комора на Македонија.
Добитник е на Плакета на Адвокатската комора на Македонија, 1976 год. и со Указ на Претседателството на СФРЈ бр.10 од 15 февруари 1982 година одликуван е со Орден на републиката со бронзен венец за заслуги и постигнати успеси во работата и значењето за напредокот на земјата.
Работи како адвокат се до 20.12.1996 година кога заминува во пензија.
Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.
Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.