Адвокат Михаил Георгиев (1918 - 2010) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Михаил Георгиев (1918 – 2010)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Mihail GorgievМихаил Георгиев e роден во 1918г. во Битола. Основно училиште и Гимназија завршил во родниот град, по што се запишал на Правниот факултет во Белград.

На само 21 годишна возраст, дипломирал на Правниот факултет во Белград, со што бил најрано дипломиран правник во тогашна Југославија.

Со помош на Јован Алтипармаков, адвокат од Битола, кој тогаш бил Министер за поштите и телеграф на Кралството Југославија, Горгиев се вработува како приправник во Поштата во Белград.

Потоа се враќа во Битола и стажира во судот заклучно со 1943г. кога во Софија го полага адвокатскиот испит.

По неговото полагање работи како правник во Битола прво, во адвокатската канцеларија на адвокат Сотир Тренчев,  а потоа и кај адвокат Ѓеорѓи Милев. Почнувајќи од 1951г. се до 1980г. Георгиев работел како адвокат во Битола, претежно на граѓанска материја, а често бил ангажиран и во Скопје, каде по пензионирањето се преселува.

Како адвокат беше активен во активностите и телата на поранешната Општинска адвокатската организација Битола, (еден од нејзините основачи во 1976г.) и Адвокатската комора на Македонија.

За својата адвокатска дејност е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Плакета за особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура во 1981г.

Почина во Скопје во 2010г. на 92 годишна возраст.

Извор: „Адвокатурата и адвокатите во Битола“, Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико