Адвокат Михаил Папазоглу (1867-1958)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатот Михаил Папазоглу, е роден во Битола во 1867г. По завршувањето на Битолската Гимназија, Папазоглу се определил за право и дипломирал на Правниот факултет на Сорбона, Париз, Франција. По завршувањето на факултетот во Сорбона, го продолжил своето стручно усовршување, завршувајќи специјалистички студии по право во Њујорк, САД.
По завршувањето на образованието, се вратил во Битола и работел како адвокат почнувајќи од 1902г., а од 1911 до 1917г., работел во Солун, каде се промовирал како успешен адвокат. По враќањето од Солун, продолжил со адвокатска дејност во Битола до 1935г., кога поради кривична осуда му биле одземени граѓанските права.
Животот го продолжил работејќи како преведувач на старите турски тапии за што имал и посебно овластување. Михаил Папазоглу бил полиглот. Зборувал англиски, француски, германски, италијански, турски, грчки и влашки. Покрај со адвокатура, бил ангажиран и во општественото живеење. Значајна е неговата активност во клубот на пријатели на Франција во Битола во кој во определен период бил и негов потпретседател. Починал 1958г. во Битола.
Се памети како исклучителен професоналец, човек кој поседувал богата правна библиотека, оратор и голем адвокат.
Извор: „Адвокатурата и адвокатите во Битола“, Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.
Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.