Адвокат на ЕТА ќе го брани Пучдемон од Белгија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Белгискиот адвокат Пол Бекерт изјави дека сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон се наоѓа во Белгија и тој ќе ги застапува неговите интереси. Бекерт не потврди дали ќе биде поднесено барање за азил во Белгија од страна на Пучдемон.
Тој во минатото бил адвокат на членовите на баскиската сепаратистичка организација ЕТА. Бекерт, кој е експерт за заштита на човековите права, им давал услуги на членовите на ЕТА за добивање меѓународна заштита во Белгија. Тој уверува дека е добро запознат со случувањата во Шпанија.
– Можно е Пучдемон да побара азил, но не можам да предвидам каков ќе биде исходот од тоа барање – потврди адвокатот.
Бекерт нагласи дека во Белгија одлуката за тие прашања не ја носи владата, туку независниот генерален комесаријат задолжен за добивање азил.
Извор: Макфакс