Адвокат Нико Беака (1916-1991) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Нико Беака (1916-1991)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

беака3Видно афирмираниот адвокат Нико Беака  потекнува од  потпелистерското село Трново, роден  на 20.12.1916 год. Неговиот татко Тодор  загинува кога Нико имал само 6 (шест) месеци, така да целата грижа околу неговото растење, образование, егзистенција го превзема и многу успешно го остварува  неговата мајка Мариго.

Во текот на неговото школување бил особено надарен, вреден , а пред  се скромен. Во тој период   најпознат Правен факултет на Балканот бил Белградскиот , кој што Нико го завршува во  1939 год. Негово прво вработување после дипломирањето е во Пиварата во Битола, сопственост на неговиот дедо (по жена) Илија Србинович, виден индустријалец и трговец од Битола  со чија ќерка Марија се оженува 1940 год.Во 1948 год. со целото семејство се преселува во Скопје и до 1958 год. работи како предавач  во Средното Медицинско  Училиште во Скопје, како судија во Општинскиот, а потоа и во Окружниот суд во Скопје.

Во 1958 год. започнува со адвокатура  сместен во адвокатска канцеларија во сеуште актуелната адвокатска улица. Во тој период имаше многу мал број на адвокати, буквално се броеа на прсти. Адвокатската кариера  беше голем предизвик за Нико, меѓутоа посветеноста на клиентите ,макотрпната работа, чесноста  за неколку години го издигнаа на пиедесталот на еден од најврвните адвокати во Македонија. Набргу стана познат и на просторите на бивша Југославија.

Негова определба во кариерата беше исклучиво криминалот и тоа од сите сегменти, убиства, деликти, стопански криминал итн.

Во осумсесетите години од дваесетиот век ја формира Адвокатската Работна Заедница бр. 2 во Скопје во која освен Нико Беака, членуваа Боро Ќовкаровски, Јово Вељановски кои беа веќе афирмирани адвокати, како и Нико Поленак , кој што по инсистирање на Нико Беака го напушти Судот и премина  во адвокатура. Квалитетот на овој состав на адвокати набргу исплива  и стана многу позната адвокатска канцеларија.

Својата  исклучително богата адвокатска кариера ја завршува во 1985 година, а негово мото беше ,,човек треба да е деловно  активен додека е психо –физички во добра кондиција,,.

Како исклучително  афирмиран и лично задоволен од постигнатото во животот, тој беше пример од кој учеа младите генерации .

Го напушти овој свет во 1991 година.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико