Адвокат Никола Кајчевски (1945) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Никола Кајчевски (1945)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_2Роден е на 28.08.1945 година во село Герман – Преспа, околија Леринска, егејскиот дел на Македонија. На 25.03.1948 година, со многуилјадна група деца, го напушта со принуда родното татково огниште. Минувајки ја тогашната јутословенско-грчка граница, живее, расте и се школува низ разни места во детски домови во Словенија, Хрватска, Полска и на крајот во Македонија. Средно економско училиште и Правен факултет завршува во Скопје.

По дипломирањето работи во Вардар Филм – Скопје, како секретар и директор на Општо-кадровскиот сектор. Извршува правни работи, особено работите од филмското авторско право. Учествува и во организацијата на филмското производство: особено во многу наградените документарни филмови: „ТУЛ-ГЕШ”, и „ЛАВ“. Во играната продукција бил и директор на филмот „ВРЕМЕ ВОДИ” во режија на Бранко Г апо.

Во 1981 година, запишан е во Именикот на адвокатите на РМ, и добива лиценца за работа како адвокат. Од самиот почеток со работа како адвокат се вклучува и активно работи во телата на Комората. На редовно годишно Собрание на ОАК Скопје 1987 година е избран за член на Управниот Одбор на Основната адвокатска комора – Скопје. Управниот одбор на ОАК – Скопје, во 1988 година го избира за претседател на Основната адвокатска комора – Скопје. Од 1989 година до 1991 година, ја извршува функцијата претседател на адвокатска комора на Република Македонија.

Во периодот на работењето како адвокат заслужува внимание да се истакне дека во адвокатската канцеларијата на Никола Кајчевски практично се оспособиле повеќе млади дипломирани правници – приправници.

Адвокатската професија ја врши до 30.06.1998 година кога е именуван и поставен со Повелба на Министерот за правда за нотар на подрачјето на Основниот суд Скопје 2 во Скопје.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико