Адвокат Петар Коне Караѓулески (1920) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Петар Коне Караѓулески (1920 – 2015)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_4Петар Коне Караѓулески (1920г.-2015г.) проминентен адвокат од Прилеп уште попознат како Пецо Караѓуле. Роден е во Прилеп на 25.6.1920г. во семејство на прилепски меанџија. Основното и средното образование ги стекнува во неговиот роден град, при што матурира во време на бугарската окупација на Македонија, односно Втората Светска војна. После Втората Светска војна се запишува на Правниот факултет во Белград. Високото образование го заврушува 1949 година. Испитите (28) ги полага во период од една година, со просек од 8,08.

Во својата работна кариера пред да се занимава со адвокатурата има извршувано и други функции, во Собранието на општина Прилеп, Здравствениот дом Прилеп,судија и претседател на ОС Берово, судија во ОС Прилеп од 10.4.1952 до 20.11.1956 година, и уште неколку други функции главно во неговиот роден град.

Адвокатскиот испит го полага во ноември 1955 година, а како адвокат работи со неколку прекини до 1968 година поради изврушување на дел од горенаведените функции во различни временски периоди, при што од 1968 до 1984 година константно се занимава со адвокатура.

Како адвокат стекнува голема репутација, во адвокатската фела е препознатлив како чесен, работлив и скромен човек кој ревносно ја извршува својата дејност, несебично го пренесува своето знаење и искуство на помлади колеги правници. Како еден од пионерите на адвокатурата во Прилеп во повоениот период остава импозантен впечаток и придонес во нејзиното извршување, кое и денес претставува пример за извршувањето на оваа дејност.

Почина во 2015 година.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико