Адвокат Рафаил Черепналкоски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Роден е на 04.04.1934 година во с. Галичник – општина Гостивар. Основно и средно образование завршува во Гостивар и Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во текот на 1960 година. Потоа се вработува во Окружниот суд во Гостивар, каде по неколку месеци се вработува во фабриката Силика во Гостивар каде останува се до 1963 годшш кога се вработува во претпријатието Водовод – Скопје во Скопје.
Од 15 мај 1968 година се вработува како стручен соработник во Уставниот суд на Македонија каде останува се до 16 март 1970 година кога се запшпува во Именикот на адвокатите.
Адвокатската дејност ја врши во Скопје се до 13.07.1999 година, кога е избран за член на Републичкиот судски совет, а потоа и нејзин претседател.Претседател е на Основната адвокатска комора Скопје, а во мандатот период 1986 – 1989 година е претседател на Адвокатската комора на Република Македонија.
Во мандатниот период 1987-1988 година е и Претседател на Сојузот на адвокатските и покраински комори на Југославија.
Од 01.10.2003 година е во пензија.
Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.
Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.