Адвокат Славко Петров (1937) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Славко Петров (1937)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_4Роден е на 24 октомври 1937 година во Велес од татко Дане и мајка Марија род.Масинова. Основно и средно образование завршил во Велес, во Основното училиште Кирил и Методи и гимназијата Кочо Рацин.

Во генерацијата 1956/60 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје со просечна оцена од 9.32. Прво вработување му е 01.01.1961 година во Велес во тогашната филијала на Жито Македонија до март 1962 година, кога заминува на отслужување на воениот рок во Билеке. По враќањето, најнапред се вработува како секретар во Електродистрибуција Велес, за да почнувајки од 1 мај 1963 година му се оствари желбата да се посвети на правосудната функција и стапува во работен однос во тогашниот Окружен суд Велес на работно место приправник .

Во мај 1964 година, врз основа на покажаните резултати во работата, од претседателот на Окружниот суд во Велес е предложен за судија и по тогашните прописи, од собранијата на општините Велес, Богомила, Градско, Извор и Чашка е избран за судија на Основниот суд во Велес каде  работејки на граѓански и кривични предмети, останува се до 20.04.1970 година, кога, по негово барање, заради желбата да ја врши адвокатската дејност, е разрешен од последното работно место Истражен судија на Основен суд Велес.

Како член на Адвокатската комора на Македонија  останува се до 03.10.2002 година, кога е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во периодот од 1996 до 2000 година е избран и вршел функција на член на Советот на општината Велес. На 01.11.2002 година, предложен е за министер  за земјоделство, шумарство и водостопанство и е избран на таа функција од Собранието на РМ, каде останува се до 17.12.2004 година, кога врз основа на оставката на премиерот Хари Костов, поради која целата Влада беше во оставка, е избрана нова Влада во која не е именуван за министер.

Во периодот јануари 1995 година – јуни 1998 година ја врши функцијата претседател на Адвокатската комора на Македонија.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Препорачуваме

Партнери на Правдико