Адвокат Трајко Јовев (1922)
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Роден е во Титов Велес. на 22.05.1922 година, каде што го завршува и средното образование. Во 1940 год. се запишува на Правниот факултет во Белград, а по окупацијата го продолжува и го завршува во Софија 1944 година. Во април 1944 година, од бугарскиот окупатор е интерниран во Јамбол – Бугарија, како учесник во НОД. По интернацијата,од која е ослободен на 9.09. истата година. активно се вклучува во НОВ. Од 15.12.1944 година,па се до 1949 година, работи во Министерството за внатрешни работи, а потоа е биран за судија во Општинскиот суд во Титов Велес, каде останува до 31.12.1954 година.
На 1.01.1955 година се запишува во Именикот на адвокатите на Македонија и активно се занимава со адвокатура, со седиште на канцеларијата во Скопје се до
01.07.1993 година кога заминува во пензија.
Во периодот од 1963 до 1972 година е претседател на УО на АКМ (три мандати), а во овој период е биран и за претседател и потпретседател на Сојузот на
републичките и покраинските адвокатски комори на Југославија.
Активен е оптштествено-политички работник.
Добитник е на Плакетата на АКМ за особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура, како и на Плакетата
на Сојузот на републичките и покраинските адвокатски комори на Југославија.
Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.
Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.