Адвокат Трпко Ристовски (1937) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Трпко Ристовски (1937)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Роден е во тетовското село Лешок – Тетовско, опеано во револуционерните македонски песни, на 5.12.1937 година. Потекнува од земјоделско-печалбарско семејство.  Своето целокупно образование го оформува во ослободена Југославија и во слободна Македонија, на својот мајчин македонски јазик. Правен факултет  заврши во Скопјеј 1960 год., а од 1967/68 год. врши приправнички стаж  во канцеларијата на адвокатот  Боро Трајковски од Скопје.

Во 1968 год. се запишува во Именикот на адвокатите и непрекинато се занимава со адвокатура се до 30.06.2003 година кога заминува во пензија.

Биран е за претседател на АК на Македонија во мандатниот период 1976 – 1979 годша. Во ова својство, како член на Претседателството на Сојузот на републичките и покраинските комори на Југославија бил и потпретседател на Претседателството.

Добитник е на Благодарница на Адвокатската комора на Република Македонија за успепшо извршување на адвокатската професија и угледот на адвокатурата во 2001 година.

Извор: Адвокатурата во Република Македонија (1945-2005), адвокат Ставре Џиков, Скопје, 2005г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

Партнери на Правдико