Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатите бараат изземање на судиите во ТНТ за да не се слушаат бомбите во судот поради интервју на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека има разговори меѓу судии кои, како што рече адвокатот Еленко Миланов, постапуваат по предмети на СЈО. Станува збор за тројца поротници и двајцата судии Осман Шабани и Огнен Ставрев. Тие бараат да бидат изземени и претседателот на судот, Џолев Иван, Пајазит Пајазити и судиите на Апелациониот суд, Лидија Димчевска и Сафет Кадрии.
Ова е втор случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“, каде што беше побарано тоа, но судот не дозволи. Адвокатот на судот му достави цеде од емисијата и транскрипт.
На рочиштето за ТНТ треба да се слушаат 26 аудиоразговори од т.н. бомби во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски,Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на Општина Гази Баба уште три милиони денари.
Извор: Макфакс