Правдико

   

Адвокатите бараат куќен притвор за Дурловски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оперскиот пејач Игор Дурловски денеска се појави во Апелациониот суд каде што на јавна седница се расправаше за жалбата на неговата одбрана да му се укине притворот.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека осомничениот не повикувал на насилство во Собранието и не ги упатувал присутните во салата. Обвинителката од Вишото јавно обвинителство рече дека бара мерката притвор да остане бидејќи Дурловски бил во највисокиот законодавен дом за време на настаните на 27 април минатата година.

Одлуката на Судот ќе биде објавена деновиве. Во судницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловска, која носеше маичка со натпис „Правда за Игор“.

В.М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико