Правдико

   

Српските адвокати бараат прием кај Вучиќ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

БЕЛГРАД – Адвокатската комора во Белград денеска соопшти дека ќе побара прием на своите претставници кај претседателот на српската Влада Александар Вучиќ со цел да се постигне договор за барањата на адвокадската фела, истакнувајќи дека тие се подготвени да продолжат да преговараат со Министерството за правда, но под “еднакви услови”.

Aleksandar_Vučić

Во соопштението на Управниот одбор на АКБ се прецизира дека се бара прием кај Премиерот затоа што е „отежната комуникацијата“ со министерот за правда Никола Селаковиќ заради неговите настапи во медиумите на штета на адвокатурата.

Адвокатите исто така бараат во иднина да се врши аудио снимање на секој состанок со претставниците на власта и да се води записник со потписи од присутните заради, како што се наведува дезинформациите кои ги пренело Министерството за правда на својата сајт дека е постигнат договор помеѓу претставниците на АКБ и Адвокатската Комора на Србија со Министерството за правда.

„Адвокатурата е и понатаму подготвена за преговори со Министерството за правда со цел да ги заштити своите професионални интереси и граѓански права, како и заштита на правата на граѓаните согласно професионалните правила, но под еднакви услови“, се наведува во соопштението.

Се додава дека адвокатите сакаат да работаат за да обезбедат своја професионална и егзистенција на своите фамилии.

Партнери на Правдико