Правдико

   

Адвокатите да дадат свои коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера на веб страницата ener.gov.mk е објавен Предлог-законот за нотаријат каде што  засегнатите страни можат да даваат коментари.

Измените на Законот за нотаријат се иницирани од Стопанската комора на РМ, а Адвокатската комора преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот нотаријатот  оформена од министерот за правда ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите и задржување на постоечките решенија од Законот за нотаријат или либерализација нотаријатот.

Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора како засегната страна внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и сите алтернативи и да се вклучат во јавната расправа со свои јасни ставови и коментари, кои можат директно да ги внесат на веб страницата на ЕНЕР (КЛИКНИ ТУКА), или, пак, заклучно со 25.11.17 да ги достават до Комората  на меил e.pavlovska@mba.org.mk за понатаму да бидат проследени до Владата на РМ.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико