Правдико

   

Адвокатите да достават коментари на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ве информираме дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е објавен на ЕНЕР (https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=AEP3/PdpEUT8BEXSgWjEUQ==).

Со предложените измени и дополнувања на Законот се врши усогласување на овој закон со Законот за прекршоци (Службен весник на РСМ бр 96/19), Законот за централен регистар на население (Службен весник на РСМ бр 98/19) и Законот за електронско управување и електронски услуги (Службен весник на РСМ бр 98/19). Воедно се вршат и допрецизирања на одредби и технички исправки.

Ги повикуваме членовите на Адвокатската комора на РСМ, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и коментари, забелешки или сугестии заклучно со 25.11.19  да ги достават до Комората  на меил: lawyermk@mba.org.mk .

Партнери на Правдико