Правдико

   

Адвокатите да ги дадат своите коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На веб страницата ener.gov.mk е објавен Предлог-законот за извршување каде што  засегнатите страни можат да даваат коментари.

Адвокатската комора на РМ преку учеството во Комисијата за изготвување на Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот извршување  оформена од министерот за правда ги даде своите предлози за натамошно зголемување на обемот на работата на адвокатите.

Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Предлог законот и сите алтернативи и да се вклучат во јавната расправа со свои јасни ставови и коментари, кои можат директно да ги внесат на веб страницата на ЕНЕР (КЛИКНИ ТУКА), или, пак,  заклучно со 19.11.17 да ги достават до Комората  на меил e.pavlovska@mba.org.mk за понатаму да бидат проследени до Владата на РМ.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико