Адвокатите на Абдеслам не сакаат веќе да го застапуваат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатите што го застапуваа единствениот преживеан од групата исламистички милитанти што минатата година во Париз убија 130 лица, соопштија дека веќе нема да го застапуваат.
Салах Абдеслам, кој откако е уапсен на почетокот на годинава е во самица во затвор во близина на Париз, не сака да зборува ниту, пак, сака правни застапници, рекоа неговите адвокати Франк Бертон и Свен Мари за телевизијата „Бе-еф-ем“.
-Уверени сме, а и тој самиот рече дека нема да зборува и оти ќе го искористи своето право да се брани со молчење. Што можеме да направиме? Јас уште на почетокот реков дека ако мојот клиент инсистира да се брани со молчење, јас не можам да го бранам – рече Бертон.
Тој додаде дека Абдеслам е „доведен до лудило“ со постојаниот видеонадзор во затворот.
Извор: Мета