Адвокатите на Клементина: Немало умисла да се убие ракометарот Тот, нејзините удари не придонеле за смртта | Правдико

Правдико

   

Адвокатите на Клементина: Немало умисла да се убие ракометарот Тот, нејзините удари не придонеле за смртта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ударите од Клементина Лефкова, третообвинета во случајот за убиството на Денис Тот, не придодонеле за смртта на ракометарот. Ова го тврдат двајцата нејзини адвокати, Емил Гугутчески и Бојан Василески. Тие велат: „Во никој случај ударите не може да придонесат за смрт“. Тие го посочуваат ова откога вештите лица посочија за нагмечувањата што ги имал Тот во пределот на главата и телото.

„Тоа го немаме уште докажано. Имаме уште за докажување, рано е“, вели адвокатот прашан како настанала смртта.

За нив е најважно да докажат дека немало умисла да се убие Тот, па додаваат: „Умислата сѐ уште виси во воздухот, тоа за нас е најважно“.

Прашани да ги коментираат тврдењата на вештаците, кои посочија дека повредата на ‘рбетниот мозок е главна причина за смртниот исход, адвокатот Василески вели: „Во вештачењето стои дека друго е причината за смртта. Се релативизираа денеска и тврдењето и вештечењето во денешното излагање на вештите лица откога им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано“, а на барањето да каже што стои во вештачењето, рече: „Има време, ќе излезе во јавност. Се релативизира како е настаната таа повреда“.

За нив, неоспорно  едека имало удари, меѓу кои е и боксот, по што следува единствениот момент кога Тот паѓа на земјата.

„Вештите лица даваат само можност како е настаната повредата. Во конкретниот случај во вештачењето стои дека е од падот, сега кажуваат дека е од вртење на главата“, додава адвокатот.

Децидни се дека второобвинетата го нема сторено кривичното дело убиство.

„Ние ја браниме дека го нема направено кривичното дело што ѝ се става на товар. И стоиме на тоа. Умислата не е докажана“, вели адвокатот, а прашан кое кривично дело го има направено Клементина, тој посочува: „Не знаеме тоа, обвинителката ќе каже“.

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор на Судска медицина при обдукцијата на телото, кое е презентирано на судењето. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс по што сега починатиот паѓа на земјата. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико