Адвокатите на Заев бараат издвојување на доказите во случајот „Пуч“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одбраната на првообвинетиот во случајот „Поткуп“, Зоран Заев, денеска побара од Судот да ги издвои доказите прибавени со посебни истражни дејствија. Адвокатот Медарски се повика на претходната одлука на судијката Татјана Михајлова во случајот „Насилство во Центар“. Главниот сведок во предметот ,бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, не се појави на рочиштето.
Судењето е одложено за 27.септември, по завршување на судската ферија. На Судот му треба време да се произнесе по барањето на одбраната.
Обвинетиот Заев денеска за првпат се појавува во судскиот процес како премиер. Тој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од бизнисменот Сачевалиев поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.
На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот. Судијката Дијана Груевска Илиевска дозволи Заев и неговите адвокати да извршат увид и препис на доказите. Таа го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќања на Заев и адвокатите.
Извор:Макфакс