Aдвокатите од Битола го одбележаа 16 јуни Ден на Македонската адвокатура
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Tрадиционално адвокатите од Битола го одбележаа 16 јуни Ден на Македонската адвокатура, односно ден кога е основана Адвокатската комора.
Денес во 10 часот пред спомен обележјата на адвокатските приправници Коле Канински и Јосиф Христовски Ѕвончарот беше положено свежо цвеќе во знак на почит за нивното дело за слободата на Македонија, а со тоа и за можноста за слободно организирање на адвокатската професија во адвокатска комора.
Во 10,30 часот во Светонеделските гробишта беше положено свежо цвеќе и на гробот на д-р Павел Шатев, прв министер за правосудство на Македонија, кој на денешен ден пред 71 година односно на 16 јуни 1945г. даде иницијатива за основање на Адвокатската комора.
Овие активности се во организација на Адвокатската заедница Битола и Адвокатската комора на Република Македонија и претставуваат начин да се оддаде и почит кон сите адвокати кои со своето дело и професионална работа придонеле за развојот на адвокатурата и правото, воопшто.
Инаку, во 1945 и 1948г. во Списокот на Адвокатската комора се запишале вкупно 38 адвокати, од кои 10 имале седиште на адвокатската канцеларија во Битола.
Бистите на адвокатските приправници се подарени на Битола од Адвокатската комора на Македонија во 1981г., кога се поставија и бисти на повеќе учесници во НОБ кои биле ангажирани во адвокатурата.