Адвокатите од Србија после 4 месеци штрајк се враќаат на работа – исполнети се сите барања
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатите од Србија денеска после четири и пол месеци штрајк, започнуваат со работа, поради исполнување на нивните барања за измените во Законот за нотаријат како и за прописите кои го уредуват паушалното оданочување на адвокатите.
Адвокатите во цела Србија, започнаа со штрајк на 17 септември минатата година, и бараа измени во Законот за нотаријат како и во прописите за паушално оданочување на адвокатите.
После повеќемесечните неуспешни обиди за постигнување на договор, при крајот на минатата година, стручни тимови на Министерството за правда и Адвокатската комора на Србија, постигнаа компромис, со тоа што претходната недела под хитна постапка се извршија измени во Законот за нотаријатот, Законот за промет на недвижности, Законот за вонпарнична постапка, Законот за семејство како и Законот за наследување.
Најважната измена за адвокатите и граѓаните на Србија е дека нотарската заверка нема да биде повеќе задолжителна при склучување на договори за промет на недвижности.
Во форма на нотарска исправа ќе се составуваат само договори за лицата со инвалидитет, работно неспособните како и лица кои се деловно неспособни со законски старател.
Што се однесува за паушалното оданочување донесена е одлука дека паушалниот данок за 2014 г. ќе биде зголемен најмногу за 10 проценти во однос на 2013г., што за адвокатите е прифатливо.
За време на штрајкот се одложени скоро 100.000 судења и голем број сослушувања во полиција.
Се постапуваше само во случаеви кои се поврзани со рокови, со цел да не се нанесе штета на клиентот.
Извор:Tanjug
–ПРАВДИКО–