Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, констатира судијата Душан Јосифов на почетокот од денешното рочиште.
Груевски доби адвокат по службена должност, Петар Димовски.
Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Адвокатот Димитар Дангов на минатото рочиште за предметот „Титаник“ рече дека се откажува и за овој предмет да го застапува Груевски.
Извор: Макфакс