Адвокатката на Јанкулоска: Незаконско е спроведувањето, таа е оневозможена да бара одлагање на казната
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска, која вчера беше спроведена во „Идризово“ за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја законска процедура. Таа вели дека штом Јанкулоска ја добила пресудата на Врховниот суд, по 10 минути дошла полиција за да ја спроведе.
„Спроведувањето на Јанкулоска во ‘Идризово’ е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но, мислам дека таа вчера, околу 15 часот, ја примила одлуката и по 10 минути, се појавила полиција, која ѝ кажала дека мора со нив во затворот ‘Идризово’. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по кој било друг основ предвиден со законот. Таа нема примено упатен акт за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за затворот ‘Идризово’“, рече адвокатката Алексиќ.
Извор: Макфакс