Адвокатката смета дека СЈО го обвинило Латас со глагол во минато време | Правдико

Правдико

   

Адвокатката смета дека СЈО го обвинило Латас со глагол во минато време

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатката на Драган Павловиќ – Латас, Анита Бегова, во воведниот говор за предметот „Тревник“ рече дека ќе докажат пред судот оти обвинетите не се виновни. Таа рече дека Латас и неговите браќа се обвинети за минато дејство, градење, а во Кривичниот законик глаголот гради бил во сегашно време.

Бегова рече дека Латас платил уредно комуналии за објектите, и тоа по повисока цена од 1 евро за квадратен метар. Во бомбите, според Бегова, има разговори на мајстори кои работеле на објектите, а нема содржина за бесправно градење. Адвокатката смета дека обвинението е селективно зашто нема обвинет инвеститор или општински градежен инспектор.

Латас во воведниот говор кажа дека 6 месеци барале литература за вакви предмети и не успеале да најдат. Спомна случај „Цареви кули“, каде што обвинителството не покренало обвинение зашто немало записник од градежен инспектор.

Адвокатките на Латас бараат јавноста да биде исклучена при пуштањето на дел од бомбите. „Јавноста не треба да ја интересираат разговори за приватни лица и за програмската шема на Сител“, рече Бегова. СЈО, пак, се спротивстави  на таквиот предлог.

Сепак, судијката Клетничка Марковска го одложи судењето по барање на одбраната на Латас. Со ваквата одлука тие ќе добијат време да поднесат барање за кои снимки да биде исклучена јавноста. Бомбите ќе се слушаат во судницата на следното рочиште на 4 јули.

Предметот „Тревник“ се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во него осомничен е новинарот Драган Павловиќ – Латас. Рочиштето претходно неколкупати беше одложувано поради отсуства на Латас. Новинарот и уште двајца други се товарат дека изградиле викенд-куќи во Зелениково без одобрение на градба.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико