Правдико

   

Адвокатот на Ќосето: Горанчо за ништо не е виновен, со својот живот го бранел уставниот поредок

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството не само што не го докажа обвинението туку сите посведочивме дека лицето Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото дејствување нема ниту едно дејство со кое би се направило терористичко загрозување на уставниот поредок и поради тоа, од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник, односно ослободителна пресуда, која би била и единствена исправна за случајот, рече адвокатот на Горанчо Ангелов – Ќосето, Драган Пешевски, во завршните зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието.

„Овој човек до мене, Горанчо Ангелов, во своите средни години, не е осудуван, татко е на 3 деца, од кои 2 малолетни, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ, сметате ли дека е терорист?“, запраша Пешевски.

Завршните зборови на адвокатот на Ќосето беа во насока на обвинението, кое неколкупати беше променето од страна на Јавното обвинителство за на крајот да заврши со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пешевски истакна дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието бидејќи воопшто не знаеле дека тоа се планира. Според него, обвинетите решиле да преземат дејства бидејќи слушнале дека во парламентот се пее албанската химна.

„Во обвинението стои дека целта била спречување избор за претседател на Собранието. Како може тоа да е вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречен“, рече Пешевски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико