Адвокатот на Трамп добил половина милион долари од руска компанија | Правдико

Правдико

   

Адвокатот на Трамп добил половина милион долари од руска компанија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокат на порноѕвездата Сторми Даниелс во вторникот изјавил дека личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, добил 500 илјади долари од страна на компанија поврзана со руски олигарх кој минатиот месец бил ставен под американски санкции, пренесува „Ројтерс“.

Преку твит и пишан извештај, адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенати, изјавил дека компанијата контролирана од страна на Виктор Векселберг, бизнисмен поврзан со рускиот претседател Владимир Путин, му ги исплатила средствата на Коен.

Сепак, останува нејасно како Авенати знаел за исплатите на Коен, додава „Ројтерс“. Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, претходно неколкупати изјави дека во октовмри 2016 година Коен ѝ исплатил 130 илјади долари поткуп за да молчи во врска со наводната афера којашто во 2006 ја имала со Трамп.

Најновите обвинувања го зголемуваат притисокот врз Коен, чии куќа, канцеларија и хотелска соба беа претресени од страна на ФБИ пред еден месец, како дел од истрагата во врска со наводниот поткуп и останатите сомнителни бизнис-зделки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико