Адвокатската комора бара мерки за одложување на судските рочишта поради корона вирусот | Правдико

Правдико

   

Адвокатската комора бара мерки за одложување на судските рочишта поради корона вирусот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија упати Барање за воведување на мерки за претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем.

Во барањето се напоменува дека во текот на дневното работење, пред судовите се закажани огромен број на рочишта по разни предмети, посебно во граѓанските судови, што изнесува околу 1000 судења на ден.

Конкретно, според податоците објавени само на веб страната на Основниот граѓански суд Скопје, за ден 16.03.2020 година за период од 08.30 до 10.30 часот се закажани 100 рочишта. Тоа значи дека само за наведениот период од 2 часа во Основниот Граѓански суд Скопје циркулираат најмалку 500 лица (адвокати, судии, записничари, странки, сведоци и други). Имајќи го предвид наведеното, очигледно е дека во текот на денот на територијата на државата се одржуваат илјадници судења, на коишто присуствуваат повеќе илјади лица кои се во меѓусебен контакт.

Партнери на Правдико