Адвокатската комора ќе изготви автентично толкување на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија закажа посебна седница на Управниот одбор на која ќе се изготви автентично толкување на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите и притоа ќе се разгледуваат повеќе спорни прашања:
- Правото на надоместок на сите трошоци утврдени со АТ;
- Досудување на патни трошоци за адвокат чие седиште е надвор од општината каде што се наоѓа седиштето на надлежниот суд;
- Непризнавање на награда за состав на трошковник;
- Досудување на трошоци за застапување за одржано посебно рочиште за донесување и објавување на пресуда.
Се повикуваат сите колеги кои имале други проблеми или негативни искуства во практичната примена на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите, да се обратат до Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 04.05.2015 година, како истите би биле разгледани на седницата и опфатени со Автентичното толкување на АТ.
Извор: Адвокатска комора на РМ