Поранешниот хрватски генерал Владимир Загорец осуден на две години затвор | Правдико

Правдико

   

Поранешниот хрватски генерал Владимир Загорец осуден на две години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Австрија на две години затвор ги осуди поранешниот хрватски генерал Владимир Загорец и директорот на банката Хипо Алпи Адриа, Гинтер Штридингер, пренесуваат хрватските медиуми

Тие се осудени поради повеќемилионска измама. Загорец и Штридингер учествувале во пренасочување на кредити од оваа банка и проневериле повеќе од 17 милиони евра, рекол судијата Микале Санин, пренесува АР.

Банката во 2009-та година беше национализирана за да се спречи банкрот, а нејзиниот имот беше продаден за да се најдат кредитори. Адвокатите на Загорец и Штридингер најавила жалба на ваквата одлука на австрискиот суд.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико