Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува нападот врз нејзин член
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува нападoт врз нејзин член кој во вторникот ( 18.04.2017), се случи во адвокатска канцеларија во Тетово.
Адвокатите ги штитат правата на граѓаните во рамките на законските можности и во ситуација кога, евентуално, клиентот е незадоволен од правната помош тоа треба да биде предмет на законска процедура пред дисциплинските органи на Адвокатската комора на Република Македонија.
Овој настан мора да претставува предупредување за пружање на целосна заштита на безбедноста на адвокатите во секој момент кога тоа ќе биде потребно, побарано или ќе постојат индиции дека е потребно.
Имено, На 18.04.2017 година во 13.40 часот во ПС Тетово, Б.С. (51) од с.Пирок пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот, додека работел во неговата адвокатска канцеларија бул. „Илинденска“ во Тетово, во канцеларијата влегол В. А. (72) од с.Бродец, тетовско, со кој пријавителот се познавал, и почнал да му се заканува. Истиот, во еден момент извадил нож и замавнал кон Б.С. и му нанел расекотина во пределот на левата рака. Б.С. го извадил столчето на кое седел со намера да му оневозможи на В.А. да му се приближи. Кога го пуштил столчето со цел да избега од канцеларијата, В.А. го фатил истото и му задал удар во пределот на десното рамо. Б.С. успеал да излезе од канцеларијата, а В.А. продолжил да го брка држејќи го ножот во рака. Б.С., исплашен за својот живот, влегол во судот кај судскиот полицаец и побарал помош. За тоа време В.А дошол пред судот каде што бил приведен од полициски службеници. После тоа Б.С. се упатил во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.