Адвокатската комора обезбеди специјален софтвер за сите адвокати | Правдико

Правдико

   

Адвокатската комора обезбеди специјален софтвер за сите адвокати

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advОд сопствени заштедени средства комората Адвокатската комора набави софтвер за работење на адвокатските канцеларии и друштва, кој што е достапен за секој член на Адвокатската комора на Република Македонија. Софтверот вклучува целосно компјутерско покривање на сите аспекти на работење на адвокатските канцеларии или друштва и тоа:

– Персонализација на групи и области на предмети, услуги, документи

– Менаџирање со вработени, пристапи и привилегии

– База на сите контакти поврзани со предмети и услуги

– Управување со судски предмети, рочишта и документи

– Управување со адвокатски услуги и документи

– Адвокатски роковник за состаноци, задачи и рочишта

– Интегриран СМС систем за потсетување за активности

– Брз пристап до преферирани темплејти според типови на документи со вграден програм за брза електронска изработка на документите

– Наплата, фактурирање, трошоци и извештаи

– Табеларни и визуелни извештаи

– Пристап до дата бази (именик на сите регистрирани адвокати, нотари, извршители, судови, институции во Република Македонија)

Имплементација на софтверот и едногодишно користење со обезбедена кориснична поддршка, Адвокатската комора на Република Македонија го обезбедува бесплатно за членовите, од финансиските средства на комората.

Се  разбира услов за имплементација и едногодишно користење на софтверот е уредно подмирена членарина заклучно  2015 година.

Ги повикуваме членовите да ја искористат оваа исклучителна поволност која ја овозможи АКРМ и со тоа да го осовременат и поедностават своето работење.

Препорачуваме

Партнери на Правдико