Правдико

   

Адвокатската комора поднесе Предлог за измена на Законот за ДДВ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На ден 29.05.2019 година е донесен нов Закон за услуги, според кој одредбите од Законот за услуги не се применуваат на правната помош и вршењето на јавните овластувања кои ги пружа адвокатурата како самостојна и независна јавна служба, што значи законски е утврдено дека адвокатите не даваат услуги.

Имајќи предвид дека согласно член 2 став 1 од Законот за данок на додадена вредност, предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот е прометот на добра и услуги, кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност, јасно е дека по стапувањето на сила на Законот за услуги веќе не може да се применува членот 2 од Законот за данок на додадена вредност, бидејќи адвокатите не даваат услуги и не вршат стопанска дејност.

Поради ова, сметаме дека обврската за данок на додадена вредност на адвокатите поединци и адвокатските друштва, треба целосно да се исклучи, пред се затоа што со Законот за услугите како специјален закон давањето на правна помош и вршењето на јавните овластувања кои ги пружа адвокатурата како самостојна и независна јавна служба не претставуваат услуга, а дополнително и затоа што согласно член 8 став 2 од Законот за трговски друштва адвокатите не се сметаат за трговци, значи не вршат стопанска дејност.

Адвокатите поединци и адвокатските друштва се уставна категорија чија дејност петставува пружање на правна помош и без оглед на формата во која дејноста се обавува не се субјекти во стопанскиот промет формирани заради остварување на добивка и поради тоа нивните приходи не претставуваат профит, туку личен доход кој се оданочува согласно Законот за данок на личен доход.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико