Адвокатската комора со соопштение за адвокатите во однос на пресметката на придонесите | Правдико

Правдико

   

Адвокатската комора со соопштение за адвокатите во однос на пресметката на придонесите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advПочитувани колеги,

Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е во правна важност и практична примена од 2009 година и одтогај, по однос на пресметување на придонесите на адвокатите не бил менуван, ниту е сменета практичната примена.

По повод измените на овој Закон со кои се укина максималниот износ на пресметување на плати (кој набрзо е вратен) уште во февруари месец оваа година Управниот одбор и Претседателот на АКРМ побараа измени на законската регулатива во смисол основица за придонеси да биде платата која што адвокатот како самовработено лице самостојно ќе си ја одредува во вид на заработувачка, а бруто платата  ќе се признава во трошоците на работењето на адвокатите.

Се разбира најниска основица за пресметување придонеси, како и во сегашниот закон ќе биде износот на една просечна плата.

Со тоа  и самовработените лица ќе имаат ист третман со останатите вработени лица и по однос на правото на заработувачка како лично примање и по однос на правото на плата како заработувачката но и третманот на платата и придонесите како трошок на работењето. Според досегашната регулатива како трошок на работењето се признаваат само придонесите.

Неточни се информациите дека придонесите ќе се пресметуваат на поинаков начин од досега (наводно на цел нето приход), ниту пак за тоа има правна основа. Дезинформација е дека придонесите ќе бидат пресметувани согласно член 14  став 1 точка 4 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, категоричен став на Адвокатската комора на РМ е дека тие одредби се апсолутно неприменливи ниту за адвокатите, ниту за било кого, бидејќи се однесуваат на непостоечка категорија “месечна аконтација на нето приход”. Со предлогот на АКРМ од Февруари 2015 погоре споменатото барање на Адвокатската комора, се бара целосно елиминирање на оваа законска одредба.

Ваквото погрешно толкување на законот некои адвокати го пласираа повикувајки се на толкувања од сметководители што не го сметам за придонес кон јакнење на угледот на адвокатурата, затоа што  адвокатот е тој кој што пружа правна помош и е најкомпетентен за правилно разбирање на законските одредби.

Сакам да нагласам дека  Управата за Јавни приходи на Република Македонија и Адвокатската  омора на Република Македонија се во постојана комуникација и соработка  за разрешување на  сите прашања кои се од значење за адвокатите, при што органите на АКРМ во секој момент се прифатени како сериозен соговорник, компетентен за толкувања на законската регулатива но и предлагање на законски подобрувања.

Никола Додевски

Претседател на АКРМ

Извор: Адвокатска комора на РМ

Партнери на Правдико