Адвокатската комора во нови простории | Правдико

Правдико

   

Адвокатската комора во нови простории

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Просторијата на Адвокатска комора на Република Македонија во зградата на Апелациониот суд Скопје беше отворена во присуство на Претседателот на АКРМ Никола Додевски, в.д. Претседателот на Апелациониот суд Скопје Љиљана Ивановска Шопова и сите членови на Управниот одбор на АКРМ.

TABLA-AKRM-2

Отварањето на просторијата на Адвокатската комора на Република Македонија во зградата на Апелациониот суд Скопје, претставува значаен чекор во заложбите за менување на односот кон адвокатурата и враќање на вистинската позиција на адвокатите во државата.

„Идејата за отворање на оваа просторија не преставува само овозможување на покомфорно обавување на нашите обврски меѓу судењата и во застапувањето додека сме во судските згради, туку преставува и еден чекор кон менување на односот кон адвокатурата и ставање на адвокатите во вистинската позиција во државата, која ја заслужуваат. Она што за сето време постојано го повторуваме – сега особено со новите законски измени во однос на кривичната, но и во граѓанската постапка – е дека и одбраната и обвинителите имаат еднакви позиции.  Ако тоа е така, тогаш и условите за работа треба се такви“, истакна Додевски на отворањето на Канцеларијата.

Просторијата на Адвокатската комора наменета за адвокатите, која се наоѓа на првиот кат во зградата на Апелациониот суд Скопје, (просторија број 43) е реновирана и уредена со средства на Адвокатската комора на Република Македонија.

Членовите на АКРМ можат да ја користат просторијата во периодите кога имаат активности во зградата на Апелациониот суд, за кратки подготовки, престој меѓу судења и чекање за започнување со судењата. За таа функција имаат на располагање интернет и достап до основни закони.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико