Адвокатската заедница од Битола одликувана со посебно признание | Правдико

Правдико

   

Адвокатската заедница од Битола одликувана со посебно признание

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 27/02/2015г. во ресторанот Вавилон во Битола се одржа 16-тата традиционалната манифестација „Избираме најуспешни битолчани“ во организација на најстариот локален весник во Македонија, Битолски весник.

photo 1

Оваа година, по мислење на читателите, посебно признание доби Адвокатската заедница Битола за активноста која ја покажа во изминатата година.

При образложението на одлуката беше кажано:

photo 2Адвокатска заедница Битола при Адвокатската комора на Република Македонија, во изминатата година се наметна како значаен чинител на сите локалани процеси во правосудството. Покрај серијата на проекти насочени кон подобрување на законската регулатива во државата и стручните средби и советувања, 2014 година ќе се памети и по тоа што адвокатите од Битола за прв пат почнаа масовно да го одбележуваат 16 декември – ден на адвокатите во градот; остварија значајни посета на своите колеги од збратимената комора во  Крагуевац и Белград, Р.Србија;

photo 3Низ страниците на Битолски весник се пишуваше и за  реконструкцијата на спомен обележјата на адвокатските приправници учесници во НОБ, кои во 1981г. адвокатската комора ги подари на Битола, иницијативата за поставување на спомен плоча на родната куќа на адв.Филота Фила, како и за повеќето активности на соработка со скоро сите органи институции во градот, насочени кон афирмација на тезата дека Битола е град и на адвокатурата.

Ова е прв пат некоја организација или форма на здружување од областа на правосудството да добие вакво признание. Манифестацијата се одржува по 16-ти пат. Заради тоа, овој гест е афирмација на адвокатурата како професија и на активностите на АКРМ и АЗ Битола.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико