Адвокатски приправници и услов за полагање правосуден испит | Правдико

Правдико

   

Адвокатски приправници и услов за полагање правосуден испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Law-StudentBo Именикот на адвокатските приправници може да се запише државјанин на Република Македонија кој ги исполнува општите услови за засновање работен однос во органите на државната управа и кој има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома од правен факултет од странство. Додека во Именикот на адвокатски стручни соработници како  адвокатски стручен соработник може да се запише лице кое покрај претходно наведените услови да има положено правосуден испит.

Адвокатскиот приправник стручно се оспособува за самостојно вршење на адвокатската дејност и работите на правната помош и јавните овластувања ги врши според упатствата на адвокатот. Исто така адвокатскиот приправник може стручно да се оспособува заради стекнување услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатската дејност и без засновање на работен однос.

Право на полагање на правосуден испит

Право на полагање на правосуднен испит стекнуваат дипломираните правници кои работеле направни работи во суд, Jавното обвинителство, Државниот правобранител, Народниот правобранител, други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа,адвокатура, нотаријат, извршители, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.

Услови:

– Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку две години на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител.

– Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со работа од најмалку три години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.

– Испит можат да полагаат лица кои се дипломирани правници кои студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител.

– Испит можат да полагаат и лица кои се дипломирани правници кои студирале според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) со работа од најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.

Адвокатскиот приправник по положувањето на правосуден испит може да работи во својство на адвокатски стручен соработник. 

Адвокатскиот стручен соработник и адвокатскиот приправник вршат определени работи од адвокатската дејност што ќе им ги довери адвокатот и од негово име.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Новиот начин на полагање на правосудниот испит

Препорачуваме

Партнери на Правдико