Правдико

   

Адвокатски спортски игри, пријавување до 31 октомври 2015

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advДа продолжиме во духот на спортската култура и да ги одржиме десеттите по ред Адвокатски спортски игри, со екипни натпревари во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг-понг, пикадо и влечење јаже.

Оваа година Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат во деновите 17-18 октомври 2015 година, во хотел Инекс Горица во Охрид.

Предвидено е започнување со спортскиот дел во сабота (17 октомври) во 12,00 часот.

Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија најдоцна до 13 Октомври 2015 година, на е-маил. lawyermk@mba.org.mk или на телефон 02 / 3165 409.

Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.500 денари, а остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион го покрива Адвокатската комора на Република Македонија.

Партнери на Правдико