Адвокатските комори од регионот потпишаа меморандум за соработка | Правдико

Правдико

   

Адвокатските комори од регионот потпишаа меморандум за соработка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

3520214_potpisivanje-tПретседателите на адвокатските комори на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина , Косово и Македонија, во Белград потпишаа Меморандум за сорабтка со цел зајакнување на меѓусебната соработка и поддршка.

Сите потписници на овој Меморандум истакнаа дека овој прв формален акт ќе овозможи јакнење на капацитетот на адвокатските комори и независноста на правната професија, како и развој и зајакнување на владеењето на правото во државите во регионот.

Претседателот на Адвокатската комора на Србија Драгољуб Ѓорѓевич истакна дека оваа идеја за сите овие држави се посветат заеднички кон унапредување на владеењето на правото, правната сигурност и почитување на човековите права, постои повеќе време и конечно дојде до нејзина реализација.

Соработката ќе допринесе во зајакнување на капацитетот на адвокатските комори, како и поголема спремност на нивните членови да ги заштитуваат правата на граѓаните.

На оваа конференција беа промовирани и идеи за поголема соработка и потенцијални идни проекти во кои ќе учествуваат коморите од регионот.

Конференцијата беше организирана од страна на Програмата на балкански регионални мрежи за владеење на правото(BRRLN) која го промовира владеењето на правото и работи кон градење на механизми за сорабтка помеѓу адвокатските комори и организациите за човекови права да имаат поголема соработка, размена на мислења и пракса.

Меморандумот е потпишан во хотелот Метропол Палас на дводневната конференција во која учествуваа претседателите на адвокатските комори како и претседателите на организациите кои се занимаваат со правосудството.

Поддршка за овој меморандум беше дадена од страна и на претседателот на Американската адвокатска комора и претседателот на Сојузот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа, кои одржаа и  посебен говор.

Препорачуваме

Партнери на Правдико