АЕК го менува правилникот за да се подобри мрежата на мобилните оператори | Правдико

Правдико

   

АЕК го менува правилникот за да се подобри мрежата на мобилните оператори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за електронски комуникации најавува измени во Правилникот за квалитет на мрежи со кои се очекува подобрување на квалитетот и намалување на бројот на поплаки од граѓаните.

7312663098B77D4590C471DABA00EF8B

Во Правилникот меѓу другото ќе се бара од мобилните оператори да овозможат мрежно покривање со мобилен интернет на сите регионални и магистрални патни правци низ државата.

– Воошто не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите три мобилни оператори. Имаме Правилник за квалитет на мрежи кој од вчера е во фаза на менување. Нашето барање ќе биде секаде да има минимум два мегабити во секунда мобилен интернет. Тоа што сега го имаат нашите корисници како искуство е дека може да ги користат услугите од мобилен интерент само во градовите, но не и надвор од градовите. Со новиот правилник ќе наметнеме сите главни патишта да имаат мобилен интернет минимум трета генерација на мобилен интернет, појасни директорот на АЕК, Роберт Ордановски.

Тој додаде дека постојано имаат поплаки од граѓаните за квалитетот на мрежата што ја нудат мобилните оператори.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико