Правдико

   

АЕК: Постапка за 5Г до крај на годинава преку аукција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двата постоечки оператори поради условите предизвикани од Ковид – 19, се за одложување на постапката на доделување радиофреквенции за 5Г за следната година, додека ЕОЛО, заинтересираниот странски инвеститор, смета дека таа треба да се спроведе во најскоро време, соопшти Агенцијата за електронски комуникации, по анализа на забелешките и коментарите што беа доставени до неа во тек на јавната расправа што ја организираше ова регулаторно тело во врска со планираното доделување одобренија за 5Г.

АЕК во документот најавува дека постапката за доделување одобренија за 5 Г технологијата ќе почне до крајот на годинава и ќе биде преку аукција, при што ќе се понудат поединечни одобренија за сите опсези. Тоа, појаснува, од причина што операторите се заинтересирани за различни опсези, односно ниту еден оператор не е заинтересиран за сите опсези.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико