АЕК: За исклучен ТВ канал може да се раскине договор без плаќање пенали | Правдико

Правдико

   

АЕК: За исклучен ТВ канал може да се раскине договор без плаќање пенали

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нема веќе договори со рок на траење подолг од две години, ниту пак, нивно автоматско продолжување од страна на операторите. Ќе се избегне плаќање на високи телефонски сметки поради роаминг и исклучување на телевизиски канали без одобрение на корисникот.

aek-logo

 

Нема веќе договори со рок на траење подолг од две години, ниту пак, нивно автоматско продолжување од страна на операторите. Ќе се избегне плаќање на високи телефонски сметки поради роаминг и исклучување на телевизиски канали без одобрение на корисникот – ова се новите правила на Агенцијата за електронски комуникации донесени пред неколку дена. Уште на старт корисниците треба да ја имаат на увид листата на телевизиски канали, начинот на тарифирање, рекламираната и минималната брзина на интернет, цените и другите услови. Доколку кабелскиот оператор ги промени или исклучи каналите наведени во договорот треба да го извести претплатникот најмалку еден месец пред тоа, а ако корисникот не сака да ги прифати новите услови може слободно да го раскине договорот без притоа да плаќа пенали. Правилата ќе важат за новите договори, но операторите ќе треба да склучат нови договори и со старите корисници, па така овие правила ќе важат и за нив.

Со правилникот, мобилните оператори треба со порака да ги известуваат корисниците ако надминат илјада денари за интернет во роаминг или 3 илјади денари за разговор и СМС во роаминг. Казните за непочитување на правилникот на АЕК ќе ги чини операторите од 5 илјади до 20 илјади евра.

Првиот човек на АЕК не сакаше да го коментира најавеното спојување на ВИП и ОНЕ. Агенцијата ќе се произнесе откако Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе донесе конечна одлука. Сепак Орданоски вели дека и ако се случи прегрупирање на овој пазар, цените кои се намалија во неколку наврати нема да претрпат поголеми корекции.

Извор: Алфа

Препорачуваме

Партнери на Правдико