Африканските земји го оспоруваат именувањето на експертот на ОН за ЛГБТ задницата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Африканските земји бараа во петокот укинување на неодамнешното именување на еден експерт на Обединетите нации за човекови права за ЛГБТ заедницата и тврдат дека неговиот мандат нема поврзаност со човековите права.
Советот за човекови права на ОН кон крајот на септември го именуваше на тригодишен мандат на професорот по меѓународно право Витито Минарборно од Тајланд за да ги истражува дискриминациите и насилствата на коишто се изложени хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и трансродовите лица.
Во името на 54 африкансите земји членки на ОН, амбасадорот на Боцвана Чарлс Н’ваага изјави пред една комисија на Генералното собрание дека Советот не би требало да се занимава со прашањата на сексуалната ориентација и идентитетот.
„Овие два поима не се и не би требало да бидат поврзани со постојните меѓународни инструменти за заштита на човековите права“, појасни амбасадорот на Боцвана и побара суспендирање на мандатот на експертот.
Африканската група земји претстави резолуција во оваа смисла за којашто ќе се гласа во вторник. Со резолуцијата се бараат консултации за законитоста на мандатот на стручњак за ЛГТ заедницата
Од 193 земји членки на ОН, 73 земји од кои 33 африкански имаат законодавства според кои хомосексуалноста е злосторство, меѓу кои се Уганда, Нигерија, Судан и Мавртианија.
За Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун промоцијата на правата на ЛГБТ заедницата беше еден од приоритетите. Русија своевремено го критикуваше бидејќи на службениците на ОН им дозволи истополови бракови.
Извор:Макфакс