Агенција за вработување: Четворица вработени ќе треба да вратат еден милион денари – земале плата, а не доаѓале на работа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Буџетот на Агенцијата за вработување е оштетен за еден милион денари за примање плата на четири вработени кои не доаѓале на работа, информираше денеска в.д. директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.
Според неа, станува збор за раководителот за човечки ресурси при Агенцијата за вработување, директорката на Центарот за вработување при Град Скопје и останати две лица од Агенцијата. Двајца од нив биле примени на работа во октомври 2016 година, а работниот однос им завршил во септември годинава. Тие ниту еднаш не се појавиле на своето работно место.
Според Јовановска, третото лице било примено на 1 февруари 2016 година, работниот однос му прекинал на 25 октомври истата година, по што заминал во АД ЕЛЕМ. Четвртотo лице во Агенцијата за вработување било пријавено од 5.11.2011 година па се до 30 јуни годинава.
Јовановска изјави дека од овие четири вработени, заедно со нивните претпоставени ќе биде побарано да го вратат целиот износ со што го оштетиле буџетот на Агенцијата.
„Во моментов се врши ревизија со која треба да се утврди точната сума која овие лица треба да ја вратат“, рече в.д. директорката. Таа напомена дека дел од вработените се суспендирани, но моментално користат боледување поради што не може да се покрене кривична пријава. Таа рече дека по завршувањето на суспензијата и боледувањето, Јавното обвинителство ќе поведе постапка против овие лица.
Извор: Макфакс