Правдико

   

Агенцијата за катастар незаконски унапредила 128 службеници

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во 2016 година во Агенцијата за катастар на недвижности незаконски биле унапредени 128 службеници. Ова го пишува во извештајот на државниот ревизор на основниот буџет на Агенцијата за катастар на недвижностите. Наведено е дека вонредниот инспекциски надзор што го спровел Државниот управен инспекторат покажал оти 128 административни службеници незаконски напредувале во повисоки позиции.

Одговорното лице на Агенцијата не ја спровело постапката за унапредување на вработените во согласност со одредбите предвидени во Законот за административните службеници. Во тоа време директор на Агенцијата за катастар беше Славче Трпевски.

Во извештајот на државниот ревизор пишува: „Не е доставено барање за почнување постапка за унапредување административен службеник од страна на организациската единица надлежна за управување со човечки ресурси во институцијата до раководното лице на институцијата и не е обезбедена согласност од Министерството за финансии за потребните финансиски средства. Не е објавен интерен оглас на веб-страницата на Агенцијата, не постојат пријави за унапредување со приложени докази, не е формирана комисија за селекција на унапредувањата…“

Ревизорот ја задолжил Агенцијата за катастар со решение да преземе мерки и активности за отстранување на утврдените неправилности и за враќање на унапредените на работните места пред да бидат унапредени, а со тоа носење решенија за распоредување и определување плата во согласност со Закнот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико